ЛИБЕРАЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВАРШАВА РАФАЛ ТШАСКОВСКИ ВОДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ПОЛСКА

    ЛИБЕРАЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВАРШАВА РАФАЛ ТШАСКОВСКИ ВОДИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО ПОЛСКАТшасковски во вториот круг ќе се соочи со конзервативниот историчар Карол Навроцки (Фото: Фејсбук)

    Либералниот градоначалник на Варшава, Рафал Тшасковски, победи во првиот круг на претседателските избори во Полска, покажуваат излезните анкети и во вториот круг ќе се соочи со конзервативниот историчар Карол Навроцки. Според излезните анкети, Тшасковски освоил 31,1% гласови, а Навроцки е на 29,1%.

    Вториот круг е неопходен зашто ниеден од 13-темина кандидати не освоил 50% гласови, па Полска ќе добие нов претседател на 1 јуни.

    Ќе победиме, но ќе бидат потребни многу работа и посветеност. Убеден сум дека целата Полска ќе победи“, изјави Тшасковски.

    Тој вети дека ќе работи со владата на Доналд Туск за да ги либерализира строгите полски закони за абортус и да ја забрза реформата на правосудството. Сепак, Тшасковски помина полошо од она што го предвидуваа предизборните анкети, кои му даваа предност од 4-6% во однос на Навроцки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира