БИВШИОТ УКРАИНСКИ ПОЛИТИЧАР АНДРИЈ ПОРТНОВ УБИЕН ВО АТЕНТАТ ВО МАДРИД

    БИВШИОТ УКРАИНСКИ ПОЛИТИЧАР АНДРИЈ ПОРТНОВ УБИЕН ВО АТЕНТАТ ВО МАДРИДВо 2021, САД воведоа санкции за Портнов за учество во корупција во Украина (Фото: Шатерсток)

    Поранешниот украински политичар Андриј Портнов, кој беше висок функционер во мандатот на прорускиот претседател Виктор Јанукович, е убиен од непознати напаѓачи пред американско училиште во Мадрид, објавија локалните власти.

    Портнов служеше во администрацијата на Јанукович од 2010 до 2014 и потоа избегал во странство. Во 2021, САД воведоа санкции за Портнов за учество во корупција во Украина, особено во судството.

    Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека убиството се случило денеска во 9:15 часот и дека 51-годишниот Портнов бил застрелан петпати во главата и грбот. Се верува дека во нападот учествувале две или три лица, но досега никој не е уапсен. Портнов бил пронајден мртов кај својот „мерцедес“ на влезот во елитното училиште.

    Локалните медиуми го опишаа убиството како професионално, велејќи дека напаѓачите го причекале Портнов да ги остави своите деца во училиштето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира