Втора ноќ по ред Русија изведе жестоки воздушни напади врз Русија, во кои загинаа најмалку 12 луѓе, а над 30 се повредени. Четири смртни случаи се забележани во западниот регион Хмелницки, четири во киевскиот регион и еден во јужниот град Миколаив. Три деца загинале во Житомир, западно од Киев.
Украинските воздушни сили кажаа дека Русија лансирала 298 дронови и 69 проектили. Ова уследи ден откако Киев беше изложен на еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната.
Во исто време, руското министерство за одбрана соопшти дека над Русија биле пресретнати 96 украински дронови, некои над московскиот регион. Нема информации за жртви и штети, но имало краток прекин на авиосообраќајот на московските аеродроми.
Шефот на регионот Хмелницки, Серхиј Тјурин, кажа дека во ноќешните напади биле уништени шест приватни куќи и уште 20 биле оштетени, додека во самиот град Киев биле предизвикани повеќе пожари.
Експлозии се регистрирани и во Харкив, Одеса, Днипро, Суми, Конотоп, Чернигов и Тернопил.