ТРАМП СЕ СОГЛАСИ ДА ГИ ОДЛОЖИ ЦАРИНИТЕ ОД 50% ЗА ЕУ ДО 9 ЈУЛИ

    ТРАМП СЕ СОГЛАСИ ДА ГИ ОДЛОЖИ ЦАРИНИТЕ ОД 50% ЗА ЕУ ДО 9 ЈУЛИПо разговорите со Фон дер Лајен, Трамп кажа дека е привилегија да се продолжи крајниот рок за преговори (Фото: АП)

    Доналд Трамп се согласи да го продолжи крајниот рок за трговските разговори со Европската Унија до 9 јули, одложувајќи го применувањето на новите царини од 50%, што ги најави минатата недела. Ова уследи откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кажа дека имала добар телефонски разговор со Трамп.

    Откако во прв момент воведе царини од 20% за најголемиот дел стоки што доаѓаат од ЕУ, што потоа го намали на 10%, Трамп во петокот кажа дека царините за членките на Унијата ќе бидат зголемени на 50%, што требаше да почне да важи на 1 јуни. По разговорите со Фон дер Лајен, Трамп кажа дека е „привилегија да се продолжи крајниот рок“.

    Фон дер Лајен претходно рече дека се спремни брзо да склучат трговски договор со САД, но оти на блокот му треба одложување до 9 јули за да се постигне добар договор.

    Трамп долго време го критикуваше трговското партнерство со ЕУ, велејќи дека е нефер за САД. Минатата година, ЕУ извезла стоки во САД во вредност од 600 милијарди долари, додека увозот од САД изнесувал 370 милијарди долари.

    ЕУ претходно се закани дека ќе им возврати на САД со царини од 25%, но мерката беше паузирана.

    ЕУ е целосно ангажирана и посветена на обезбедување договор кој ќе функционира за двете страни. Трговијата ЕУ-САД е неспоредлива и мора да се води од заемно почитување, а не од закани. Ние сме подготвени да ги браниме нашите интереси“, изјави еврокомесарот за трговија Марош Шефчович.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира