РУСИЈА ЈА НАПАДНА УКРАИНА СО 355 ДРОНОВИ, НАЈМНОГУ ВО ЕДЕН ДЕН ДОСЕГА, КРЕМЉ ТВРДИ ДЕКА СЕ ГАЃААТ ВОЕНИ ЦЕЛИ

    РУСИЈА ЈА НАПАДНА УКРАИНА СО 355 ДРОНОВИ, НАЈМНОГУ ВО ЕДЕН ДЕН ДОСЕГА, КРЕМЉ ТВРДИ ДЕКА СЕ ГАЃААТ ВОЕНИ ЦЕЛИВо денешниот напад загинале најмалку шест луѓе (Фото: АП)

    Русија лансирала 355 дронови и девет проектили кон Украина ноќеска, објавија украинските воздушни сили, додавајќи дека тоа е најголемиот напад со дронови од почетокот на војната. Украина кажа дека сите проектили биле соборени и биле неутрализирани 288 дронови.

    Ова уследи ден по најголемиот руски воздушен напад досега, кога биле лансирани 298 дронови и 69 проектили. Притоа загинаа најмалку 12 луѓе. Во денешниот напад загинале најмалку шест луѓе.

    Киев беше нападнат со дронови трета ноќ по ред, и покрај критиките на Доналд Трамп кон Владимир Путин, за кого кажа дека полудел. Кремљ ги коментираше последните изјави на Трамп.

    „Почетокот на преговарачкиот процес, во што американската страна вложи многу напори, е многу важно достигнување и ние сме им искрено благодарни на Американците и на претседателот Трамп за нивната помош. Се разбира, ова е многу важен момент кој е проследен со емоционално преоптоварување на сите вклучени. Внимателно ги следиме сите реакции. Меѓутоа, претседателот Путин ги носи оние одлуки кои се неопходни за безбедноста на нашата земја“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Тој додаде дека масовните воздушни напади врз Украина се одговор на украинските напади врз руската инфраструктура.

    „Видовме како Украинците ја гаѓаат нашата цивилна, мирна инфраструктура. Овие напади се одговор, при што се напаѓаат воени објекти, воени цели“, рече тој.

    Во својата последна реакција, Трамп го предупреди Путин дека Русија би можела да се распадне ако се обиде да ја освои Украина во целост.

    „Што, по ѓаволите, се случи со него? Тој гаѓа градови со ракети и убива многу луѓе. Путин е апсолутно луд“, кажа Трамп, додавајќи дека размислува да ги засили санкциите за Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира