РУСИЈА ЌЕ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ МИРОВЕН МЕМОРАНДУМ ЗА УКРАИНА НА РАЗГОВОРИТЕ ВО ИСТАНБУЛ НА 2 ЈУНИ

    РУСИЈА ЌЕ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ МИРОВЕН МЕМОРАНДУМ ЗА УКРАИНА НА РАЗГОВОРИТЕ ВО ИСТАНБУЛ НА 2 ЈУНИДелегатите од завојуваните земји се состанаа на почетокот на овој месец во Истанбул за првпат од март 2022 (Фото: АФП)

    Русија предложи следната рунда мировни разговори да се одржи на 2 јуни во Истанбул, кажа министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

    „Русија, како што е договорено, навремено подготви релевантен меморандум кој ја утврдува нашата позиција за сите аспекти за сигурно надминување на основните причини на кризата. Руската делегација, предводена од Владимир Медински, е подготвена да го претстави меморандумот на украинската страна и да ги даде потребните појаснувања за време на вториот круг од обновените директни разговори во Истанбул следниот понеделник“, кажа Лавров.

    Медински изјави дека се слушнал со украинскиот министер за одбрана Рустем Уремов и го изложил предлогот за терминот и местото на втората средба.

    „Сакам да нагласам дека ние сме спремни да почнеме суштински разговори за секоја точка од договорот за можно примирје. Чекаме одговор од Украина“, рече Медински.

    Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека е договорено Русија и Украина да ја подготват својата визија за модалитетите за решавање на кризата и прекин на огнот и да разменат документи на следната рунда разговори.

    Под притисок на Доналд Трамп да се стави крај на најкрвавиот конфликт во Европа од Втората светска војна, делегатите од завојуваните земји се состанаа на почетокот на овој месец во Истанбул за првпат од март 2022. Притоа не беше постигнат договор за прекин на огнот.

    По разговорот со Трамп на 19 мај, Владимир Путин рече дека Москва е подготвена да работи со Украина на меморандум за иден мировен договор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира