Осуммина луѓе се повредени откако маж кој извикувал „Слобода за Палестина“ фрлил молотови коктели врз собир за поддршка на израелските заложници во Колорадо. Полицијата кажа дека повредените се на возраст од 52 до 88 години.
ФБИ го оквалификуваше нападот во Боулдер како терористички и кажа дека напаѓачот користел импровизиран пламенофрлач, молотови коктели и други запаливи средства. Снимка од нападот го покажува мажот како вика кон група луѓе и држи молотов коктел во двете раце, пред да биде уапсен.
Нападот се случи на собир организиран од произраелска група во знак на солидарност со израелските заложници во Газа.
„Очевидци кажаа дека напаѓачот користел импровизиран пламенофрлач и фрлал запаливи средства кон масата. Тие средства биле молотови коктели“, изјави шефот на ФБИ во Денвер, Марк Михалек.
Напаѓачот е идентификуван како 45-годишниот Мохамед Сабри Солман, кој дошол во Калифорнија во 2022 со неимигрантска виза, која му истекла во февруари 2023. Тој живеел во Колорадо Спрингс.