Огњен Лазиќ од 1 јуни е нов генерален директор на „Пивара Скопје“. Лазиќ доаѓа на местото на Душан Митрев, кој е унапреден на нова функција во склоп на групацијата „Кока-Кола Ејч-Би-Си“, соопшти компанијата. Лазиќ во „Пивара Скопје“ доаѓа од местото директор за маркетинг и комерцијална извонредност во „Бамби“, Србија, со богато искуство во индустријата за пијалаци и финансиски менаџмент, како и во управување со развој на стратегии за раст на бизнисот.
„Голема чест е да се преземе раководење на компанија со едновековна традиција, која зад себе има препознатливост, стабилност, тим со искуство, но и огромен потенцијал за раст. Заедно со тимот ќе работиме на унапредување на ефикасноста, воведување иновации во работата, проширување на нашето портфолио и уште поголема поврзаност со консументите. Целта е јасна, да останеме вистински 24/7 партнер за пијалаци и прв избор на пазарот“, изјави Лазиќ.
Лазиќ претходно бил директор за финансии на „Бамби“ од 2018 , а исто така работел и во индустријата за пијалоци и како консултант во ЕУ.