ВО КЕЛН ЕВАКУИРАНИ 20.000 ЛУЃЕ ПОРАДИ ТРИ АМЕРИКАНСКИ БОМБИ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    ВО КЕЛН ЕВАКУИРАНИ 20.000 ЛУЃЕ ПОРАДИ ТРИ АМЕРИКАНСКИ БОМБИ ОД ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНАДве бомби имаат по 90 килограми, а една 45 килограми (Фото: ДПА)

    Големи делови од центарот на Келн се затворени денеска, зашто експертите планираат да деактивираат три бомби останати од Втората светска војна.

    Иако градот е навикнат на вакви случаи, денешната операција е една од најголемите досега, бидејќи им е наредено на 20.000 луѓе да ја напуштат засегнатата област. Тоа ги опфаќа целиот стар дел од градот, 58 хотели, три моста на Рајна, градското собрание и железничката станица во округот Дојц. Главното обележје на градот, готската катедрала, се наоѓа надвор од опасната зона.

    Трите бомби, од кои две имаат по 90 килограми, а една 45 килограми, се пронајдени во Дојц во понеделникот. Сите се од американско производство.

    Ова е најголемата евакуација во градот од крајот на Втората светска војна. Сите се надеваме дека деактивирањето ќе заврши денеска“, објавија градските власти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира