ТРАМП РАЗМИСЛУВА ДА ЈА ПРОДАДЕ СВОЈАТА „ТЕСЛА“ ПО КАВГАТА СО МАСК

    ТРАМП РАЗМИСЛУВА ДА ЈА ПРОДАДЕ СВОЈАТА „ТЕСЛА“ ПО КАВГАТА СО МАСКТрамп го купил црвениот автомобил за да му помогне на Маск да ја промовира својата компанија

    Доналд Трамп размислува да ја продаде својата „тесла“, изјави за Си-Би-Ес висок функционер од Белата куќа.

    Американскиот претседател го купил црвениот автомобил за да му помогне на Илон Маск да ја промовира својата компанија. Автомобилот бил паркиран во Белата куќа неколку недели.

    Трамп вчера жестоко се скара со својот довчерашен советник, кој ја помогна неговата кампања со 250 милиони долари. Вербалниот дуел започна откако Трамп во Белата куќа кажа дека е разочаран од критиките на Маск за новиот закон за буџетот. Тие потоа разменија закани и навреди преку своите социјални мрежи. Иако првично беше најавено, Трамп кажа дека денеска не планира да збори со Маск, во обид да ги смират страстите.

    Воопшто не размислувам за Илон. Кутриот си има проблем. Тој е човек кој го изгубил умот и не планирам наскоро да разговарам со него“, рече Трамп.

    Маск досега не се огласил за последните коментари на Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира