ЗА 5 МЕСЕЦИ ГОДИНАВА ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СЛУЖБЕНИ ТЕЛЕФОНИ НА ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, ПРЕТПЛАТИТЕ ОДАТ ДО 2.400 ДЕНАРИ ПО ЛИНИЈА

    ЗА 5 МЕСЕЦИ ГОДИНАВА ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ОД 3 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СЛУЖБЕНИ ТЕЛЕФОНИ НА ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, ПРЕТПЛАТИТЕ ОДАТ ДО 2.400 ДЕНАРИ ПО ЛИНИЈАОд објавените договори се гледа дека има и такви кои го купуваат и најскапиот пакет, само за да добијат големи субвенции и да земат гратис скапи телефони. (архивска фотографија)

    За набавка на мобилни телефони, односно за телефонска претплата за функционери и за вработените во администрацијата во државните, во органите на општините, агенциите, јавните претпријатија, болници, здравствени установи, факултети, средни училишта, за само пет месеци досега се потпишани договори од 175.199.882 денари, или 2,9 милиони евра државни пари.

    САКАМДАКАЖАМ.МК ги анализираше склучените договори од јануари заклучно со мај 2025 година, за услуги за мобилна телефонија и интернет, објавени на веб-страната „е-набавки“. Сумата од 2,9 милиони евра за претплата и мобилни телефони на државна сметка е дополнително загрижувачка ако се има предвид дека ова се склучени јавни набавки од само мал дел од државните органи и институции, кои се илјадници.

    Во овие договори од јануари до јуни, има само 3-4 општини, само неколку јавни претпријатија. Ги нема другите општини, министерствата, има само една агенција, неколку болници, ги нема државните факултети. Тука ги нема ни пратениците, ни судиите, ни обвинителите.

    Во овие не е МВР, кое е едно од најбројните министерства, со околу 12.000 вработени. Со тие претплати и услуги, кои се склучени претходно, сумата е неколкукратно поголема.

    Сите институции што ги нема во договорите за јавни набавки на телефони во првите пет месеци, со мобилните оператори склучиле договори лани или преклани. Ги склучуваат на две години, па на тие од 2023 година почнуваат договорите да им истекуваат сега. Што значи, овие 2,9 милиони евра за мобилни телефони, интернет и пакети со претплата, секојдневно ќе растат, како што ќе истекуваат договорите од пред две години. .

    Во дел од договорите пишува и услуги за интернет и тој е помала ставка.

    Од објавените договори се гледа дека има и такви кои го купуваат и најскапиот пакет, само за да добијат големи субвенции и да земат гратис скапи телефони. Така Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги (АВМУ) набавила покрај другите, поевтините, и скап пакет за 17 линии, со месечна претплата на секоја од нив од 2.340 денари (без ДДВ).

    АВМУ склучила договор за мобилна телефонија во вредност од 2.950.000 денари за вработените.

    Граѓаните им ги плаќаат телефоните и на ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп 295.000 денари, ЈП Бошава – Демир Капија 295.000денари, Комисија за спречување и заштита од дискриминација телефони од 236.000 плус 188.800 денари, ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина на Република Македонија Скопје 3.186.000, Детска градинка Раде Јовчевски Корчагин – Скопје 200.000 денари, ЈП за пасишта – Скопје склучило тендер за мобилна телефонија од 1.600.000 денари.

    ПИОМ, односно Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија купил мобилни телефони и претплати за 2.950.000 денари, а во друг тендер, плус уште 4.248.000,00денари. ЈЗУ Клиника за дерматологија – Скопје за 212.000 денари. Друштво за снабдување со топлинска енергија ЕСМ СНАБДУВАЊЕ СО ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје потрошило 1.180.000, плус 708.000 денари. АД Водостопанство на Република Северна Македонија, во државна сопственост Скопје за мобилна телефонија потрошило 2.756.000 денари, Машинскиот факултет Скопје 2.124.000.

    Општина Струга набавила претплатнички пакети односно мобилни телефони за 3.400.000 денари, а ЈП Комунално Струга за 590.000 денари.
    Претпријатието Еремја 200.600 денари, ЈЗО Здравствен дом Академик Проф.д-р. Димитар Арсов – Крива Паланка 1.180.000 денари. Национална Установа Охридско лето – Охрид 708.000 денари, ЈП Комуналец-Неготино 967.600, ЈЗУ Универзитетска клиника за детска хирургија 2.832.000 денари за мобилни телефони.

    Национален оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје потрошило 4.084.000 денари државни пари, за мобилни телефони за вработените. Ректоратот на Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје потрошил 1.770.000 денари за мобилна телефонија. ЈП Комуналец – Крива Паланка 1.062.000 денари, ЈЗУ Институт за медицина на трудот на Република Македонија – Скопје 944.000, ЈКП Гази Баба-2007 1.190.000 денари, КПУ ИДРИЗОВО 1.534.000, плус уште еден од 1.180.000 денари.

    Фонд за иновации имал два тендера за мобилна телефонија, од 1.416.000 и од 826.000 денари, Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер потрошила 708.000 денари, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство 1.770.000, Министерство за јавна администрација 708.000 денари, а АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост 590.000, плус уште еден тендер од 1.770.000 денари.

    ЈУ Универзитетска Клиника за неврохирургија 1.478.000, Општина Василево 1.451.400, ЈКП Пазари Прилеп 342.000, Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје 1.534.000 , Општина Шуто Оризари 650.000, општина Гевгелија 1.699.200, КПУ Затвор – Скопје 1.180.000 денари, Јавна Здравствена установа ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ ЦО Скопје 3.776.000, , МХЕЦ Лукар ДООЕЛ Кавадарци 236.000, AСУЦ ”Боро Петрушевски” на град Скопје 354.000, Општина Аеродром 2.200.000, Основно училиште Кирил и Методиј – Македонска Каменица 398.840 , СУГС Арсени Јовков – Скопје 472.000, Национална установа Драмски Театар Скопје 354.000 плус 14.000, Јавна здравствена установа универзитетска клиника за дигестивна хиругија 1.600.000, Дирекција за заштита и спасување 2.600.000, ЈП ,,Комуна,, Крушево 519.000, Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија 17.700.000 плус 17.700.000 за услуги и одржување, ЈП „Национални шуми“- п.о.-Скопје 7.670.000, Јавна Општинска Установа-Детска Градинка,,11 Октомври,, 740.000 денари, Општина Росоман 177.000 денари плус 1.000.000, Државна изборна комисија 4.130.000, СУГС Цветан Димов – Скопје 590.000 денари, Агенција за електронски комуникации 9,5 милиони денари, јзу здравствен дом-Радовиш 401.200 денари, ЈОУДГ„РОСИЦА“-Ѓорче Петров-Скопје 354.000, Јавно комунално претпријатие ,,Cкопска Црна Гора,, – с.Мирковци 236.000, Општина Сопиште 1.100.000, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје 944.000, ЈКП Комуналец – Прилеп 1.770.000, Општина Крушево 708.000, ЈЗУ Универзитетска Клиника за неврохирургија 94.000, Општина Ново Село 472.000, Општина Чучер-Сандево 708.000 денари, Општина Чаир 354.000 плус голем тендер од 4.366.000 денари.

    ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид 542.000, Општина Центар 6.000.000, ЕСМ ПРОДАЖБА ДООЕЛ Скопје 1.062.000, Република Македонија, Универзитет Св. Климент Охридски – Битола, Економски факултет – Прилеп 1.416.000, 723.000 денари, 186.000, ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје 1.180.000, Општина Ранковце 300.000, Универзитет св.Кирил и Методиј Медицински Факултет Скопје 4.012.000 денари, Факултет за земјоделски науки и храна – ФЗНХ Скопје 1.180.000.

    Ј.У.Национален Парк Маврово 1.500.000, Центар за управување со кризи 1.400.000, ЈП Службен весник на Република Северна Македонија 540.440. ЈЗУ ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА СКОПЈЕ-СКОПЈЕ 2.478.000, Општина Кавадарци 3.000.000, ЈЗУ Универзитетска Клиника за неврохирургија 198.240, БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје 472.000, Национална установа Национална опера и бале 826.000, (уште еден ист за НОБ), Општина Велес 200.000, Основен суд Гевгелија 124.000, ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД – ОХРИД 282.000, ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје 5.900.000, ЈУДГ 25 МАЈ – Скопје 472.000, ЈЗУ Клиничка болница – Штип 1.180.000, Општина Ресен 400.000, Апелационен суд Битола 200.000, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 378.544, Општина Демир Капија 472.000, ЈКП „ШАРИ“ Тетово 389.400, плус 790.600, Апелационен суд Скопје 279.660, МОБИЛНИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ ЗА СЛУЖБЕНИ ПОТРЕБИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ЛИЦА ВО ОПШТИНА ЧАШКА, ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЧАШКА и ВРАБОТЕНИ ЛИЦА ВО ЈПКД ТОПОЛКА ЧАШКА за период од 24 месеци 250.000 плус 650.000, Заедница на единиците на локалната самоуправа на Р. С. Македонија – ЗЕЛС 590.000, Основен суд Ресен 115.640, Јавно претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на Општина Центар Скопје 277,200, НУ Национална установа, Национална галерија на Република Северна Македонија 362.260.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира