Пред да ги даде завршните зборови, денеска обвинителката Жаклина Крстевска – Јосифовска изврши прецизирање на времињата на убиствата на Панче и на Вања на 22 и на 27 ноември 2023 година.
Така, 74-годишниот Панче Жежовски од Велес бил убиен околу 11 часот, а 14-годишната Вања Ѓорчевска во време од 8.30-9.30 часот.
Таткото на Вања, Алекдандар Ѓорчевски остана во обвинението. Тој и на денешното судење мижи, бидејќи како што кажа неговиот бранител неколку пати, не може да ги гледа обвинетите: Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев.
Таткото се товари дека им дал информација: дека Вања секој петок оди сама на училиште, без сестра и’.
Петокот не успеале да го грабнат детето Вања, но на 26.11. повторно таткото Александар го известил Палчо дека Вања по исклучок ќе оди сама на училиште во понеделникот.
„Ја убиле веднаш. Ни грам совест, ни човечност. Родители се и тие. Убија невино дете”, рече обвинителката.
Таткота на Вања добил и посвета, состав од Вања претходно, како омилен татко.
Таткото по исчезнувањето на Вања не ни прашал кај е Миња, како е таа, тргнал по патеката на киднаперите, без да каже никому кај оди. По истиот пат на киднаперите.
„Вечерта на 26.11.2023 година таткото Александар и’ пратил порака на Вања да се облече слоевито, зашто утредента на 27-ми, ќе било многу ладно. Ѝ кажал да се облече како за планинарење, иако училиштето е на само 7 минути од домот на Вања”, зборуваше обвинителката.
Многу симптоматично за неа е што Александар стопати пред сведоците од МВР што ја барале Вања, рекол: „Киднапирана е и убиена, џабе ја бараме”.
Обвинителката продолжува со детали да ги поврзува двете тешки кривични кривичните дела: киднапирање и убиство на свиреп начин, да ги поврзува со Палевски, Манев, Видевски и Кешишев.
Таткото на Вања е обвинет за помагање во киднапирање.
С. К. ДЕЛЕВСКА