НАД 400 ЗАГИНАТИ ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, РАКЕТИРАЊАТА СЕ ЗАСИЛУВААТ

    НАД 400 ЗАГИНАТИ ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, РАКЕТИРАЊАТА СЕ ЗАСИЛУВААТНекои ирански проектили ја пробија израелската противвоздушна одбрана, при што загинаа 14 луѓе (Фото: АП)

    Израелските напади врз Иран досега убиле најмалку 406 луѓе, а ранети се 654, објави организацијата „Активисти за човекови права“ со седиште во Вашингтон, која долги години го следи регионот. Иранските власти досега немаат објавено официјален број на жртви.

    Израел интензивно го напаѓа Иран трет ден по ред и се закани со уште посилни напади откако некои ирански проектили ја пробија израелската противвоздушна одбрана, предизвикувајќи уништувања во централниот дел на земјата. Во Израел досега загинаа 14 луѓе, а 390 се повредени, откако Иран истрелал над 270 проектили, од кои 20-ина не биле соборени, според израелски податоци.

    Главниот аеродром во земјата и воздушниот простор се затворени од почетокот на конфликтот.

    Иран денеска првпат го ракетираше Израел среде ден, продолжи и вечерва, додека израелските воздушни сили ги нападнаа иранските министерство за одбрана и енергетска индустрија, при што Техеран е честа мета. Во досегашните напади биле убиени најмалку 14 ирански нуклеарни научници.

    Ако запрат израелските напади, и ние ќе запреме со нашите“, кажа иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.

    Доналд Трамп изјави за Еј-Би-Си дека САД би можеле да се вклучат во конфликтот, пред да ја увери земјата дека моментално не се вмешани.

    Израел и Иран би требало да склучат договор и тоа и ќе се случи. Јас ќе се погрижам за тоа. Ќе има мир наскоро. Да го направиме Блиски Исток повторно голем“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира