Од 1 септември, Министерството за образование и наука (МОН) ќе додели 1.570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, соопшти Владата. Оттаму велат дека над 550 компании во учебната 2025/205 година директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки.
„Ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата. Наш приоритет е да ја зголемиме вработливоста на младите лица и да создадеме квалификуван кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа ќе овозможиме младите својата иднина да ја градат во сопствената држава“, велат од Владата.
Целта на овој тип образование, е младите да дојдат до вработување со веќе стекнати стручни вештини, а компаниите да обезбедат релевантност на стручното средно образование, но и до кадар кој сами го градат.