СИТЕ БИ ТРЕБАЛО ВЕДНАШ ДА ГО НАПУШТАТ ТЕХЕРАН, КАЖА ТРАМП, ИРАН ПОВТОРНО ГО НАПАДНА ИЗРАЕЛ СО ПРОЕКТИЛИ

    СИТЕ БИ ТРЕБАЛО ВЕДНАШ ДА ГО НАПУШТАТ ТЕХЕРАН, КАЖА ТРАМП, ИРАН ПОВТОРНО ГО НАПАДНА ИЗРАЕЛ СО ПРОЕКТИЛИТехеран е честа мета на израелските напади (Фото: АП)

    Израел и Иран меѓусебно се напаѓаат петти ден по ред, при што Доналд Трамп им порача на сите жители на Техеран да се евакуираат. Израелската војска објави дека Иран и утрово лансирал проектили кон Израел, при што имало експлозии и во Тел Авив и Ерусалим.

    Трамп си замина од Самитот на Г7 во Канада еден ден порано поради кризата на Блиски Исток, а претходно ги повика Иран и Израел да склучат примирје.

    Дадена е понуда, особено за примирје и за почнување пошироки разговори. Мислам дека ова е многу добар предлог, па сега треба да видиме што ќе направат засегнатите страни“, кажа францускиот претседател Емануел Макрон.

    Два ирански извора изјавија за „Ројтерс“ дека Иран побарал од Катар, Оман и Саудиска Арабија да го притиснат Бенјамин Нетанјаху да прифати моментално примирје. Иран во замена би покажал флексибилност во нуклеарните разговори.

    Трамп, кој постојано повторува дека Иран не може да има нуклеарно оружје, го повика Техеран да склучи договор.

    Им реков да потпишат. Иран не може да има нуклеарно оружје. Го повторувам тоа цело време. Сите моментално би требало да го напуштат Техеран“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека Трамп и натаму се надева на нуклеарен договор со Иран, при што постои можност за нова средба САД-Иран оваа недела.

    Иранските медиуми известија за силни експлозии во Техеран утрово, а противвоздушната одбрана била активна и во Натанз, каде што се наоѓа една од најважните ирански нуклеарни постројки. Израел вчера ја бомбардираше зградата на иранската државна телевизија, при што загинале две лица. Телевизијата продолжила да емитува програма неколку часа по нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира