ДВА МЕСЕЦА НЕМА ОЧЕН ЛЕКАР ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА, ОФТАЛМОЛОГ ОД ОЧНА КЛИНИКА ДОАЃА ЗА ПРЕГЛЕД НА ИДНИТЕ ПРВАЧИЊА

    ДВА МЕСЕЦА НЕМА ОЧЕН ЛЕКАР ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА, ОФТАЛМОЛОГ ОД ОЧНА КЛИНИКА ДОАЃА ЗА ПРЕГЛЕД НА ИДНИТЕ ПРВАЧИЊАЗа упис во прво одделение потребна е потврда за извршен офатлмолошки преглед. (Фото: Архива на Општа болница Велес)

    Речиси два месеца, поточно од 23 април, нема очен лекар во Велешката болница.  На помош доаѓа офталмолог од Скопје. Тоа го оддолжи процесот на издавање на потврди за извршен офатмолошки преглед, кои им се потребни на првачињата за упис во учебната 2025/206 година.

    Реакциите на родителите се дека со ова темпо на работа, не ќе може сите да бидат прегледани до крајот на август. За листата за упис се 630 деца, од Велес и соседните oпштини Чашка и Градско.

    „ЈЗУ Општа Болница Велес моментално има само еден специјалист по офталмолофија на Одделот за очни болести кој е ангажиран од ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје. Докторот моментално доаѓа во вторник за редовни закажани прегледи и прегледи за издавање лекарски уверенија за возачи и секој петок за прегледување на деца кои треба да се запишат во прво одделение. Со оглед на тоа дека  има голем интерес и неможноста да се прегледат сите пациенти, од страна на ЈЗУ Општа болница Велес пред околу еден месец е побарано од Клиниката за очни болести дополнително уште еден лекар-специјалист по офталмологија и очекуваме одговор на нашето барање, а потоа и согласност од страна на Министерството за здравство, вели д-р Ванчо Граматов, портпарол на Општата болница Велес.

    Тој рече дека ако добијат согласност за втор специјалист-офталмолог, сите деца ќе бидат навреме прегледани до пред почетокот на школската година, а ако не добијат, ќе го зголемат бројот на термини.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира