АКО САД СЕ ВМЕШААТ ВО КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ ЌЕ БИДЕ МНОГУ ОПАСНО, ПРЕДУПРЕДИ ИРАНСКОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ АРАГАЧИ

    АКО САД СЕ ВМЕШААТ ВО КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ ЌЕ БИДЕ МНОГУ ОПАСНО, ПРЕДУПРЕДИ ИРАНСКОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ АРАГАЧИИзраелската војска објави снимки на кои се гледа штетата врз иранскиот нуклеарен погон Исфахан по обновените напади. (Фото: ИДФ)

    Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, предупреди дека вмешување на САД во тековниот конфликт меѓу Израел и Иран би било „многу, многу опасно“. Во разговор со новинарите во Истанбул, каде што треба да ги продолжи дипломатските разговори, тој рече дека неговата земја „не може да преговара со САД кога нашиот народ е под бомбардирање“. Тој тврди дека „САД се вклучени во агресијата од првиот ден“, иако не даде докази за тоа.

    За потсетување, американскиот претседател Доналд Трамп ги одобри плановите за напад врз Иран претходно оваа недела, но се воздржа од напади во случај Иран да се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма. Иранскиот министер за надворешни работи вели дека е Иран е „апсолутно подготвен за преговарачко решение за нашата нуклеарна програма“. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој се среќава со Арагчи на дипломатски разговори во Истанбул, вели дека „Израел е најголемата пречка за мир на Блискиот Исток“.

    Иранското министерство за здравство рече дека најмалку 430 луѓе се убиени од почетокот на конфликтот на 13 јуни.

    Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси Габард, рече дека сега верува оти Иран би можел да создаде нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“. Ова е промена на ставот за Габард откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека таа „згрешила“ во врска со тоа што нема докази оти Иран создава нуклеарно оружје.

    Францускиот претседател Емануел Макрон, рече дека разговарал со иранскиот колега Масуд Пезешкијан. Макрон рече дека се согласил да ги забрза преговорите меѓу европските сили и Иран за неговата спорна нуклеарна програма. Во објава на X, францускиот претседател додава: „Барам: Иран никогаш не смее да се здобие со нуклеарно оружје и од него зависи да обезбеди секаква гаранција дека неговите намери се мирни“. Тој заклучува велејќи дека е „убеден дека постои излез од војната и да се избегнат поголеми опасности“. За да се постигне ова, вели тој, „ќе ги забрзаме преговорите предводени од Франција и нејзините европски партнери со Иран“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира