ПУТИН ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА ИРАНЦИТЕ, НО НЕ КАЖА КАКО

    ПУТИН ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА ИРАНЦИТЕ, НО НЕ КАЖА КАКОПутин денеска го прими иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи (Фото: Кремљ)

    Владимир Путин кажа дека американските напади врз иранските нуклеарни постројки го туркаат светот кон голема опасност и вети дека ќе се обиде да им помогне на Иранците, иако не појасни како. Тој денеска го прими иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи во Кремљ, ден откако Трамп издаде наредба да се бомбардираат три ирански постројки во кои се збогатува ураниум.

    Апсолутно неиспровоцираната агресија врз Иран нема основа и оправдување. Сакаме да разговараме за начините за смирување на кризата. Правиме напори да му помогнеме на иранскиот народ“, рече Путин.

    Аракчи требало да му предаде писмо од иранскиот ајатолах Али Хаменеи, со барање за повеќе помош од Русија.

    Во конфликтот се вовлечени и вонрегионални сили и тоа го носи светот на многу опасна линија“, рече Путин, без да ги истакне САД.

    Ирански извори изјавиле за „Ројтерс“ дека Иран не бил импресиониран од досегашната поддршка од Русија и Кина и дури се чувствувал предадено од нив. Русија и Иран оваа година потпишаа договор за 20-годишно стратешко партнерство, но за разлика од ваквиот договор на Москва со Северна Кореја, тој не вклучува клаузула за заемна одбрана.

    Русија е спремна да му помогне на Иран. Понудивме да бидеме посредници во преговори, тоа е конкретно“, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Запрашан дали Иран побарал воена помош од Русија, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков кажа:

    Ние комуницираме со Иран во многу области. Јасно е дека за мене би било неодговорно да ја обелоденам содржината на контактите што се водат, со оглед на сите околности. Нашето стратешко партнерство со Иран е нескршливо“.

    Путин не покажа многу интерес да се конфронтира со САД околу Иран и Русија исто така кажа дека не сака Техеран да создаде атомска бомба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира