СЛОВАЧКА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА НЕМА ДА ГЛАСА ЗА НОВИТЕ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА ЗАШТО СТРАВУВА ОД ТУЖБА ОД „ГАЗПРОМ“ ОД 20 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

    СЛОВАЧКА СЕ ЗАКАНИ ДЕКА НЕМА ДА ГЛАСА ЗА НОВИТЕ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА ЗАШТО СТРАВУВА ОД ТУЖБА ОД „ГАЗПРОМ“ ОД 20 МИЛИЈАРДИ ЕВРАФицо побара да се одложи гласањето предвидено за денеска (Фото: АП)

    Словачкиот премиер Роберт Фицо кажа дека останува на својот став дека ќе стави вето на новиот пакет санкции за Русија, што треба да биде одобрен денеска. Тој побара одложување на гласањето додека не се решат словачките грижи околу испораките на гас по 2027 година.

    Новите санкции предложени од Европската комисија се однесуваат на руските банки и воена индустрија и на приходите од енергенсите.

    Словачка, како и Унгарија, е зависна од рускиот гас, од кој ЕУ планира целосно да се откаже до 2027. Фицо вчера се сретна со Урсула фон дер Лајен, при што изразил загриженост дека Словачка ќе се соочи со тужба од 20 милијарди долари од „Газпром“ ако земјата го раскине својот долгогодишен договор за купување руски гас. Тој кажа дека ќе ги поддржи заклучоците на самитот, но не и санкциите.

    Прво мора да се реши ова прашање: да го дефинираме решението, а дури потоа можеме да разговараме за натамошни санкции. Доколку нашиот предлог за одложување на гласањето не биде прифатен, словачкиот амбасадор ќе добие јасна инструкција да стави вето на усвојувањето на 18. пакет санкции“, кажа Фицо во видео објавено на Фејсбук.

    Предлозите за санкции бараат едногласност во блокот за да бидат усвоени. Унгарија честопати се закануваше дека ќе стави вето при дискусиите за помош за Украина, како и за обновување на санкциите, што се прави на секои шест месеци.

    Полскиот министер за европски прашања Адам Шлапка изјави дека се надева оти Словачка и Унгарија ќе дадат зелено светло, како што беше случај и во минатото.

    Се надевам дека ќе биде можно да се затвори ова до крајот на полското претседателство со ЕУ, од што остануваат уште четири дена“, рече Шлапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира