ОПШТИНА ТЕТОВО ОВОЗМОЖИ ПРИВАТНА ФИРМА ДА ИЗНАЈМУВА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ

    ОПШТИНА ТЕТОВО ОВОЗМОЖИ ПРИВАТНА ФИРМА ДА ИЗНАЈМУВА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИГрадоначалникот на Тетово Биљал Касами ја промовираше оваа можност за користење 100 електрични тротинети во градот, за што ќе се плаќа шест денари по минута. (Фото: СДК.МК)

    Од денеска во Тетово може да се изнајми електричен тротинет, а со помош на апликација на мобилен телефон ќе може да се стартува и плати користењето. Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ја промовираше оваа можност за користење 100 електрични тротинети во градот, за што ќе се плаќа шест денари по минута.

    Ова е важен чекор кон трансформирање на начинот на кој се движат луѓето во градот, рече Касами.

    „Не само ново превозно средство, туку нов модел на урбано однесување, електричните тротинети што ќе бидат ставени во употреба, денес се израз на град што се буди што сака да се движи напред, без бучава, без загадување, но со позитивна енергија и мудрост“, рече Касами.

    На новинарско прашање дали до соработката со приватната фирма е дојдено со спогодба или јавен повик, градоначалникот рече дека секој што аплицира кога исполнува услови може да биде добие дозвола од Општината за да функционира.

    „Се работи за апликација во Општината, како и за сите други случаи во рамките на јавниот превоз, значи законот и правилата на правилникот за јавен превоз, како што е нели автобускиот превоз, такси, превозот и другите видови на движење во градот. Во овој случај се работеше за иновативен начин на користење на јавниот транспорт и движењето во градот. Затоа, во согласност со законот е подготвена целата законска и подзаконска регулатива и почитувана во овој случај“, рече Касами.

    За движење со електричен тротинет Касами најави дека има траси на булеварот Илирија (Маршал Тито“), а на улиците каде што нема предвидена патека, граѓаните треба да се движат по тротоар со приспособена брзина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира