Амбасадорите на Австрија, Чешка и Словачка Мартин Памер, Јарослав Лудва и Хенрик Маркуш денеска го потпишаа проектот Славков/Аустерлиц за обележување планинарски патеки во Македонија. Секоја од земјите ќе биде одговорна за обележување на една пешачка патека, а ќе се постават и информативна табла за патеките.
Проектот ќе се спроведе во Водно, Баба и Шар Планина.
„Обележувањето пешачки патеки ќе им биде од корист на рекреативците, планинарите, алпинистите и сите љубители на природата за да имаат побезбедно искуство при пешачењето на планина и да ги истражат убавините на Водно, Баба и Шар Планина. Ова го промовира пешачењето како здрава активност која ја штити природата и го овозможува локалниот економски развој“, соопшти Чешката амбасада во Скопје.
Славковски формат е трилатерала соработка помеѓу Австрија, Чешка и Словачка основан во 2015 година.