Белата куќа ќе биде домаќин на ултимејт фајт (УФЦ) меч како дел од прославата на 250 години американска независност следната година, објави Доналд Трамп.
„Тоа ќе биде борба за титула, со публика од 20.000-25.000 луѓе“, кажа Трамп, кој е добар пријател со претседателот на УФЦ, Дејна Вајт.
Обраќајќи им се на присутните на собир во Ајова, Трамп изјави:
„Дали сакате да гледате УФЦ? Ќе имаме УФЦ борба на теренот на Белата куќа. Имаме многу простор таму“.
Веста ја потврди и портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.
„Ќе биде епски“, рече таа.
Врските на Трамп со УФЦ датираат од 2001, кога организираше борба во своето казино „Трамп Таџ Махал“ во Атлантик Сити, во периодот кога Вајт имал проблеми да најде сала. Вајт ја поддржуваше политичката кариера на Трамп од самиот почеток.