Повеќетонска цистерна со гориво попладнево околу 15 часот за малку ќе пропаднела од стариот камен мост на реката Брегалница во Штип, откако од непознати причини се искачила на тротоарот од мостот и пропаднала во дупка од конзолата која пред некој ден се санирала. На местото на настанот веднаш пристигнала и сообраќајната полиција.
Неколку предни тркала од цистерната пропаднале во дупката, но новосанираната конструкција на мостот не дозволила возилото натоварено со гориво да предизвика поголема дупка и да падне во Брегалница.
Инцидентот се случи во време кога имаше голема фреквенција возила и пешаци по мостот и за среќа помина без последици. Се смета дека возачот на цистерната се искачил на тротоарот од тесниот мост токму поради малата ширина кога се разминуваат такви големи возила.
Т. ЈОВАНОВСКИ