ТРАМП ГО ПОФАЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛИБЕРИЈА ДЕКА ОДЛИЧНО ЗБОРУВА АНГЛИСКИ, А ТОА Е ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК НА ЗЕМЈАТА

    ТРАМП ГО ПОФАЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЛИБЕРИЈА ДЕКА ОДЛИЧНО ЗБОРУВА АНГЛИСКИ, А ТОА Е ОФИЦИЈАЛЕН ЈАЗИК НА ЗЕМЈАТАТрамп вчера беше домаќин на лидерите на Либерија, Сенегал, Габон, Мавританија и Гвинеја-Бисао. (Фото: АП)

    Претседателот Доналд Трамп го пофали либерискиот претседател Џозеф Боакаи дека одлично зборува англиски, за време на состанокот со петмина африкански лидери во Белата куќа. Англиски е официјален јазик Либерија.

    Трамп му рече на Боакаи дека зборува „одлично англиски“, прашувајќи каде одел на училиште. Боакаи учтиво се насмеа, но не спомна дека англискиот е официјален јазик на Либерија. А Трамп рече дека на масата седат негови луѓе „кои не зборуваат англиски ни до пола толку добро“.

    Најстарата република во Африка, Либерија, е основана во 1822 година од ослободени американски робови заради преселување на слободни црнци во Африка.

    Трамп вчера беше домаќин на лидерите на Либерија, Сенегал, Габон, Мавританија и Гвинеја-Бисао.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира