СКОПСКИОТ БАЗЕН „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ Е ЗАТВОРЕН ОД АПРИЛ, САНАЦИЈАТА НА ТАВАНОТ ЌЕ ЗАВРШИ ЗА ТРИ НЕДЕЛИ, ВЕТУВА ДИРЕКТОРОТ

    СКОПСКИОТ БАЗЕН „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ Е ЗАТВОРЕН ОД АПРИЛ, САНАЦИЈАТА НА ТАВАНОТ ЌЕ ЗАВРШИ ЗА ТРИ НЕДЕЛИ, ВЕТУВА ДИРЕКТОРОТИако во април беше најавено дека ќе биде отворен за месец и пол, базенот сè уште е затворен. (Фото: СДК.МК)

    За три недели ќе заврши санацијата на кровот на базенот „Борис Трајковски“. Базенот беше затворен кон средината на април откако падна лајсна од таванот. Иако беше најавено дека ќе биде отворен за месец и пол, базенот сè уште е затворен. Пливачките клубови не работат, ниту граѓаните рекреативно можат да го користат.

    Директорот на базенот Даниел Апостоловски вели дека поради административни работи се одложило распишувањето на тендерот, но во моментов градежните работи течат според предвидената динамика.

    „Постапката за распишување на тендер и избор на фирма одзема време. Во моментов во базенот се работи. Рокот за санација на таванот е 6 недели и работите се одвиваат според предвидената динамика. Изведувачот има уште три недели да заврши со работа“, вели Апостоловски.

    Апостоловски во април за САКАМДАКАЖАМ.МК  изјави дека причина за паѓање на лајсна е тоа што во базенот не била целосна раконструкцијата во 2010 година.

    Базенот беше реновиран во 2010 кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, а директор на објектот беше Ратко Капушевски.

    Капушевски е обвинет во случајот за злоупотреби во набавки на мазут и перење пари, со што е оштетен буџетот на државата за 167 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира