ТРАМП РАЗМИСЛУВАЛ ДА Ѝ ДАДЕ РАКЕТИ „ТОМАХАВК“ НА УКРАИНА ЗА ДА МОЖЕ ДА ЈА ГАЃА МОСКВА

    ТРАМП РАЗМИСЛУВАЛ ДА Ѝ ДАДЕ РАКЕТИ „ТОМАХАВК“ НА УКРАИНА ЗА ДА МОЖЕ ДА ЈА ГАЃА МОСКВАЛансирани од украинска територија, ракетите „томахавк“ имаат потенцијал да стигнат и до Москва и Санкт Петербург (Фото: Гети)

    Доналд Трамп размислувал да ѝ даде крстосувачки проектили „томахавк“ на Украина, но тие засега не биле вклучени во листата на оружја што треба да ги добие Киев, објави „Вашингтон пост“. САД ги користеа овие проектили во нападот врз Иран минатиот месец и Украина со нив би можела да ги гаѓа дури и Москва и Санкт Петербург.

    Извор од Белата куќа кажа дека Трамп е решен да изврши поголем притисок врз Владимир Путин со цел да се постигне прекин на огнот во Украина. Во телефонски разговор минатата недела, Трамп го прашал Зеленски зошто досега не ја гаѓал Москва.

    „Би можеле ако ни дадете оружје“, рекол Зеленски, на што Трамп одговорил:

    „Украина мора да изврши поголем притисок врз Путин, не само Москва, туку и Санкт Петербург“.

    Трамп вчера вети нова воена помош за Украина, што ќе вклучи ракети „патриот“, артилерија и противвоздушни системи. Оружјето ќе им биде продадено на членки на НАТО, кои потоа ќе го префрлат во Украина. Вредноста на целиот пакет е проценета на 10 милијарди долари.

    Покрај дозволата за користење на проектилите со долг дострел „АТАЦМС“, Трамп размислувал да испрати и ракети „томахавк“. Лансирани од украинска територија, тие имаат потенцијал да стигнат и до Москва и Санкт Петербург.

    Тој одби да каже колку далеку е спремен да оди ако Путин ги засили нападите врз Украина.

    „Не ме прашувајте такво нешто. Само сакам да ја завршам војната“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира