ИЗРАЕЛ ГО БОМБАРДИРА ДАМАСК, ВЕЛИ ДЕКА САКА ДА ГО ЗАШТИТИ МАЛЦИНСТВОТО ДРУЗИ

    ИЗРАЕЛ ГО БОМБАРДИРА ДАМАСК, ВЕЛИ ДЕКА САКА ДА ГО ЗАШТИТИ МАЛЦИНСТВОТО ДРУЗИИзраелската војска претходно најави напади врз министерството за одбрана на Сирија (Фото: АП)

    Силни воздушни удари го потресоа Дамаск денеска, насочени кон сириското министерство за одбрана, откако Израел вети дека ќе ги уништи сириските владини сили кои ги напаѓаат Друзите во јужна Сирија и побара од нив да се повлечат.

    Репортерите на „Ројтерс“ слушнаа воени авиони како летаат ниско над главниот град и извршуваат серија масовни напади врз центарот на Дамаск. Градот е во чад, а од министерството за одбрана се издига густ облак.

    Израелските одбранбени сили објавија дека нападнале воена мета близу претседателската палата и дека го погодиле седиштето на сириското министерство за одбрана во Дамаск.  Кратко пред да почнат експлозии, министерот за одбрана Израел Кац рече дека „ќе дојдат болни удари“.

    Десетици луѓе беа убиени оваа недела во насилствата околу јужниот град Сувејда, при што борците од малцинството Друзи се судрија со владините безбедносни сили и членовите на бедуинските племиња. Израел притоа кажа дека ќе ги заштити Друзите.

    Сириските владини трупи беа испратени во регионот Сувејда во понеделникот за да ги смират борбите помеѓу Друзите и вооружените бедуини, но на крајот се судрија и со милициите на Друзите.

    Порано оваа година, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека „нема да толерира никаква закана за заедницата Друзи во јужна Сирија од новите безбедносни сили на земјата“. Тој, исто така, побара целосна демилитаризација на поголемиот дел од југот, велејќи дека Израел ја смета сунитската исламистичка група на сирискиот претседател Ахмед ал-Шара за закана.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира