ВО ТЕПАЧКА КАЈ НАРОДНА БАНКА ПОВРЕДЕН СИНОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧУЧЕР САНДЕВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО ТЕПАЧКА КАЈ НАРОДНА БАНКА ПОВРЕДЕН СИНОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧУЧЕР САНДЕВО

    Малолетниот син на градоначалникот на Општина Чучер Сандево Јован Пејковски вечерва со повреди на главата бил пренесен во Клинички центар по тепачка меѓу две групи младинци на автобуската станица кај Народна банка, потврдија од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Во истата тепачка, која се случила околи 19.15 часот, покрај 16-годишниот син на градоначалникот настрадал уште еден тинејџер од Сопиште, кој, исто така, бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

    Полицијата нема утврдено дали тепачката на младинците е поврзана со маршот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, каде вечерва беа натепани и новинарот Александар Тодевски и камерманот Владимир Желчески од порталот „А1он“ во близина на Порта Македонија. Новинарската екипа беше пренесена со возило на Итна помош во Ургентниот центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира