12 ЛИЦА ПОВИКАНИ НА РАСПИТ ВО МВР ЗА НАПАДОТ НА НОВИНАРИТЕ НА „А1ОН“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    12 ЛИЦА ПОВИКАНИ НА РАСПИТ ВО МВР ЗА НАПАДОТ НА НОВИНАРИТЕ НА „А1ОН“

    12 лица се повикани на информативен разговор во полиција во врска со вчерашниот напад на новинарската екипа на „А1он“ на крајот од протестот на граѓанската иницијатива за „За заедничка Македонија“, соопшти помошник-министерот за односи со јавност на МВР Јордан Ламановски.

    Ламановски вели дека полицијата сè уште трага по двајцата напаѓачи на новинарите, чиј идентитет засега е непознат. Меѓу лицата со кои се вршат разговори, дел се сомничат дека учествувале во инцидентот, а дел се повикани како сведоци.

    Министерот Нухиу, на прес-конференцијата, упати апел од граѓаните мирно да протестираат и порача дека МВР има капацитет да ги истражи сите напади и да го штити јавниот ред и мир.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира