Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од Гостиварско која им дозволила на две жени сексуално да ги злоупотребат нејзините две деца на 10 и 3 години, а таа тоа го снимала и го пратила видеото на сопугот во Италија. Таа се сомничи сторила кривично дело Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Таа, исто така, се сомничи и за Производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 1, додека две други жени се осомничени за Силување на децата кои не наполниле 15 години предвидено во член 188 став 1 од Кривичниот законик.
„Триесетгодишната мајка грубо ја запоставила својата должност за грижа за децата, девојче родено 2015 и момче родено 2022 година, и дозволила двете 22-годишни жени да извршат полови дејствија со нејзините деца. За тоа време, мајката настанот го снимала со мобилен телефон, а видеото со детска порнографија преку апликација ја испратила на нејзиниот сопруг кој се наоѓал во Италија“, вели Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за трите осомничени.