УНИШТУВАЊЕТО НА ОПРЕМАТА ГО НЕМА ВО ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА УБК

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:231:"ОдодлукатазараспуштањенаПарламентотвсредаќезависатнатамошнитеактивностинаСобранискатакомисијазанадзорнаУБК";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    УНИШТУВАЊЕТО НА ОПРЕМАТА ГО НЕМА ВО ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ НА УБК

    Собраниската комисија за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) денес не расправаше за уништување на опремата за прислушување оти такви информации немало во годишниот извештај на УБК.
    Претседателот на Комисијата Хари Локвенец изјави дека неговото барање за дополнување на извештајот со овие податоци и одржување нова седница било одбиено од мнозинството членови на Комисијата.
    “На некој начин Комисијата е узурпирана, оти мнозиството членови се нивни и тие не го прифатија мојот предлог да се дополни извештајот за да може да расправаме за работата на УБК во текот на минатата година, вклучувајќи ги и овие информации. Јас како претседател сум само една демократска категорија, а мнозинството одлучуваат како ќе работи оваа Комисија”, рече Локвенец по завршување на седницата, која заради специфичните услови и класифицираните информации беше затворена за јавноста.
    Локвенец нагласи дека од одлуката за распуштање на Парламентот в среда ќе зависат натамошните активности на Комисијата.
    “Ако Собранието се распушти, ова ќе заврши само вака. Но, ако работите се движат во друга насока, ќе закажеме итна седница со план за работа за 2016”, најави Локвенец.
    Според најавите на Комисијата, на денешната седница требаше да се расправа и за уништувањето на опремата за прислушување што се случило во март минатата година за што Специјалното обвинителство сомничи шестмина службеници на МВР меѓу кои и поранешната министерка Гордана Јанкуловска и началникот на Петтата управа Горан Грујовски кој од синоќа е во притвор.
    Министерството за внатрешни работи, во октомври минатата година предложи измени на Законот за следење на комуникациите, согласно препораките во извештајот на Прибе.
    Во Предлог-законот беа дадени две опции во однос на опремата за следење на комуникациите за целите на кривичната истрага. Првата опција беше секоја од институциите кои имаат овластувања за следење на комуникациите, Јавното обвинителство, Царината, МВР и финансиската полиција да имаат нивна опрема, а втората е формирање посебен центар за следење на комуникациите во рамки на Јавното обвинителство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира