ПАРИ ФРЛИЈА ДА НЀ ПОТКУПАТ ДА СЕ ПИШЕМЕ БУГАРИ АМА ОСТАНАВМЕ МАКЕДОНЦИ, РЕЧЕ ЕФТИМ МИТРЕВСКИ ОД ПАРТИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА

    ПАРИ ФРЛИЈА ДА НЀ ПОТКУПАТ ДА СЕ ПИШЕМЕ БУГАРИ АМА ОСТАНАВМЕ МАКЕДОНЦИ, РЕЧЕ ЕФТИМ МИТРЕВСКИ ОД ПАРТИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈАТој пред присутните гости на средбата село Трново која традиционално се одржува за Илинден додаде дека Македонците од Гора, Голо Брдо и низ сите градови во Албанија ќе останат Македонци.(Фото: СДК.МК)

    Потпретседателот на Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија, Ефтим Митревски обраќајќи се на 54. Семакедонска средба во подпелистерското село Трново кажа дека не успела намерата на Бугарија да се поткупат Македонците во Албанија за да се пишат Бугари.

    „Нам во Албанија само поддршка дајте ни, никој не може да нѐ промени од светото македонско име. Се обидоа на секаков начин. Пари фрлија за да не’ поткупат, не  можат. Македонците во Албанија останаа и ќе останат сто години признати од албанската држава како Македонци”, рече Митревски.

    Тој пред присутните гости на средбата која традиционално се одржува за Илинден додаде дека Македонците од Гора, Голо Брдо и низ сите градови во Албанија ќе останат Македонци.

    Македонското малцинство во Албанија во изминатите години, во повеќе наврати се пожали дека се изложени на притисок и поткуп од бугарски структури да се декларираат како Бугари.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира