ХАМАС КАЖА ДЕКА ЌЕ ДОЗВОЛИ ДОСТАВА НА ПОМОШ ЗА ЗАЛОЖНИЦИТЕ АКО ИЗРАЕЛ ОТВОРИ ТРАЈНИ ХУМАНИТАРНИ КОРИДОРИ ВО ГАЗА

    ХАМАС КАЖА ДЕКА ЌЕ ДОЗВОЛИ ДОСТАВА НА ПОМОШ ЗА ЗАЛОЖНИЦИТЕ АКО ИЗРАЕЛ ОТВОРИ ТРАЈНИ ХУМАНИТАРНИ КОРИДОРИ ВО ГАЗАСпоред израелските власти, во Газа моментално се наоѓаат уште 50 заложници, од кои само 20 се живи (Фото: Флеш90)

    Хамас изјави дека е подготвен да се координира со Црвен крст за да им достави помош на заложниците што ги држи во Газа доколку Израел исполни одредени услови, откако видеото со изнемоштен заробеник предизвика остри критики. Хамас притоа бара од Израел да отвори трајни хуманитарни коридори и да ги запре воздушните напади за време на дистрибуцијата на помошта.

    Според израелските власти, во Газа моментално се наоѓаат уште 50 заложници, од кои само 20 се живи. Хамас досега не им дозволуваше на хуманитарните организации пристап до заложниците, а семејствата имаат малку или никакви информации за нивната состојба.

    Во саботата, Хамас објави второ видео со физички ослабнатиот израелски заложник Евјатар Давид, кој е прикажан како копа дупка, за која вели дека е негов гроб. Видеото предизвика критики и ги згрози Израелците. Франција, Германија, Велика Британија и САД беа меѓу земјите кои изразија негодување.

    Хамас држи невини луѓе во невозможни услови повеќе од 660 дена. До нивното ослободување, Хамас има обврска да им обезбеди сè што е потребно. Хамас ги киднапираше и мора да се грижи за нив“, соопшти Форумот на семејствата на заложниците.

    Уште шест лица починаа од глад или неухранетост во Газа во изминатите 24 часа, соопшти тамошното Министерство за здравство, додека Израел кажа дека дозволил испорака на гориво во енклавата. Од почетокот на војната, од глад починале 175 луѓе, од кои 93 деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира