РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ГО НАПУШТА МОРАТОРИУМОТ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА ГО НАПУШТА МОРАТОРИУМОТ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ НА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕСАД се повлекоа од Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел во 2019, обвинувајќи ја Русија дека не го почитува (Фото: Гети)

    Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитри Медведев го обвини НАТО за одлуката на Русија да го напушти мораториумот за распоредување на нуклеарни проектили со краток и среден дострел и додаде дека Москва сега ќе ги разгледа следните чекори. Ова следува откако руското министерство за надворешни работи објави дека Москва повеќе не се смета за обврзана со овој мораториум.

    Изјавата на руското министерство за надворешни работи за повлекување на мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел е резултат на антируската политика на земјите од НАТО. Ова е нова реалност која сите наши противници ќе мора да ја земат предвид. Очекувајте понатамошни чекори“, напиша Медведев на Икс, без да даде повеќе детали.

    САД се повлекоа од Договорот за нуклеарно оружје со среден дострел во 2019, обвинувајќи ја Русија дека не го почитува. Русија оттогаш велеше дека нема да распореди нуклеарно оружје под услов Вашингтон да не го стори тоа. Во петокот, Доналд Трамп нареди преместување на две американски нуклеарни подморници поради „провокативните и заканувачки изјави“ на Медведев, кој претходно кажа дека САД ризикуваат војна со Русија.

    Бидејќи ситуацијата се развива кон вистинско распоредување на американски ракети со среден и краток дострел во Европа и азиско-пацифичкиот регион, руското министерство за надворешни работи забележува дека исчезнаа условите за одржување на едностран мораториум за распоредување на слично оружје“, се вели во соопштението на министерството.

    Договорот потпишан во 1987 од советскиот лидер Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган елиминираше цела класа оружје – копнени ракети со дострел од 500 до 5.500 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира