НА ДОДИК МУ ГО ОДЗЕДОА МАНДАТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА

    НА ДОДИК МУ ГО ОДЗЕДОА МАНДАТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА СРПСКАДодик првпат беше избран за претседател на Република Српска во 2010 (Фото. Фонет)

    Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на Република Српска, постапувајќи по пресуда на Судот на БиХ. Одлуката била донесена едногласно, а Додик има право на жалба, по што ќе бидат распишани предвремени избори во рок од 90 дена.

    Мандатот беше одземен по правосилната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, за што Додик беше осуден на една година затвор, што може да се замени со парична казна, а доби и шестгодишна забрана на вршење јавна функција.

    „Ова е уште едно срање од Сараево, последно“, кратко напиша 66-годишниот Додик на Икс.

    Додик влегол во политичкиот живот во 1980-тите, а за претседател на Република Српска првпат беше избран во 2010. Од 2018 до 2022 беше член на претседателството на БиХ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира