МАКРОН ЌЕ МУ ДОДЕЛИ НАЦИОНАЛЕН ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ НА ПОСЛЕДНИОТ УЛИЧЕН ПРОДАВАЧ НА ВЕСНИЦИ ВО ПАРИЗ

    МАКРОН ЌЕ МУ ДОДЕЛИ НАЦИОНАЛЕН ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ НА ПОСЛЕДНИОТ УЛИЧЕН ПРОДАВАЧ НА ВЕСНИЦИ ВО ПАРИЗАли Акбар почнал да продава весници откако се преселил во Франција во 1973 (Фото: Гулф њуз)

    Седумдесет и тригодишен колпортер по потекло од Пакистан ќе го прими едно од највисоките признанија во Франција по повеќе од 50 години продавање весници во кафулињата и рестораните во Латинскиот Кварт во Париз.

    Али Акбар почнал да продава весници откако се преселил во Франција во 1973, користејќи ги своите хумор и енергија да ги шармира локалните жители и да ја одржи продажбата. Следниот месец, претседателот Емануел Макрон ќе му додели Национален медал за заслуги, со кој се оддава признание за истакната служба во цивилен и воен сектор.

    Бројот на уличните продавачи на весници во Париз почнал да се намалува уште во 1970-тите со ширењето на телевизијата, што дополнително се забрзало со појавата на интернетот. Но, Акбар, последниот активен колпортер во Париз, успеал да ја одржи традицијата во живот со своите насмевка, смисла за хумор и искрена посветеност.

    Едноставно, го сакам чувството на хартијата. Не сакам таблети и слични електронски уреди. Но, сакам да читам. Вистински книги, никогаш од екран“, вели Акбар и додава:

    Имам свој начин на продавање весници. Се обидувам да се шегувам, да бидам позитивен и да создадам атмосфера. Се обидувам да влезам во срцата на луѓето, не во нивните џебови“.

    Тој признава дека работата му станала потешка во ерата на дигиталното издаваштво.

    Сега продавам околу 20 весници за осум часа. Луѓето веќе не купуваат весници, сѐ е дигитално“, вели Акбар, кој е татко на пет деца и ретко зема слободен ден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира