ДЕВОЈКИ ОД БРАЗИЛ, АРГЕНТИНА И КОЛУМБИЈА ЗАТЕКНАТИ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ЖЕЛИНО И ТЕТОВО ПРИ ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

    ДЕВОЈКИ ОД БРАЗИЛ, АРГЕНТИНА И КОЛУМБИЈА ЗАТЕКНАТИ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ЖЕЛИНО И ТЕТОВО ПРИ ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕВо угостителските објекти најчесто работеле како келнерки и танчерки иако има сомневања дека се дел и од трговија со луѓе. (архивска фотографија)

    Тетовската полиција во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе од Скопје, во текот на ноќта спровеле акциска контрола на два угостителски објекти во кои биле затекнати 30 млади девојки кои тука работеле.

    Меѓу нив имало и девојки кои дошле дури од земји од Латинска Америка, а во угостителските објекти најчесто работеле како келнерки и танчерки иако има сомневања дека се дел и од трговија со луѓе. Но, не само од Латинска Америка, имало девојки и од Русија. Србија и Албанија.

    „На 09/10.08.2025 во периодот од 23:30 до 02:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе Скопје, спроведоа акциска контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на Ј.Ф.(48) од с.Желино и во угостителски објект во Тетово, во кој како управител се пријавил И.А.(22) од Тетово. При контрола во објектите биле затекнати 30 женски лица од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија затоа што било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против странските државјанки, сопственикот и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ се вели во соопштението испратено од СВР Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира