БЕЈЛИ ГО ПОВИКА ИВАНОВ ПОВТОРНО ДА ЈА РАЗГЛЕДА ОДЛУКАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(Мета)

    БЕЈЛИ ГО ПОВИКА ИВАНОВ ПОВТОРНО ДА ЈА РАЗГЛЕДА ОДЛУКАТА

    Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли го повика претседателот на државата Ѓорге Иванов повторно да ја разгледа својата одлука да не му го даде мандатот за формирање влада на Зоран Заев. Тој, исто така, ги повика соседите на Македонија да се воздржат од мешање и да покажат конструктивност, објави агенцијата „Мета“.

    „САД вчера беа разочарани кога дознаа дека претседателот Иванов одби да му го даде мандатот на претставникот на јасното политичко мнозинство и да му даде можност да формира влада. Сметаме дека ова не е конзистентно со основните демократски принципи и со владеењето на правото, кои се клучни вредности на НАТО. Како стратешки партнери на Македонија и како пријатели, со цела почит кон суверенитетот и кон унитарноста на Македонија, го повикуваме Иванов повторно да ја разгледа одлуката. Ги повикуваме соседите на Македонија да покажат воздржаност и да бидат конструктивни во овој момент на висока политичка сензитвност“, рече Бејли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира