ДИРЕКТОРКАТА НА ГИМНАЗИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР СЕ ЈАВИ НА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР ВО ПОЛИЦИЈА

    ДИРЕКТОРКАТА НА ГИМНАЗИЈАТА ВО ДЕМИР ХИСАР СЕ ЈАВИ НА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР ВО ПОЛИЦИЈААдвокатот Стеваноски изјави дека по разговорот ќе побараат со полициска придружба да се направи увид во училиштето, зашто имаат информации дека пред претресот во домот на Лозановска некој провалил во училишните простории. (Фото: СДК.МК)

    Директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат Жаре Стеваноски утрово се јави на информативен разговор во демирхисарската полициска станица.

    Стеваноски изјави дека по разговорот ќе побараат со полициска придружба да се направи увид во училиштето, зашто имаат информации дека пред претресот во домот на Лозановска некој провалил во училишните простории.

    На 8 август вечерта, полицијата направи претрес во домот на Лозановска барајќи го печатот од училиштето. Таа во тој период беше на боледување, а полицискиот началник рече дека и на носилки ќе ја однесе на информативен разговор иако имаше налог само за претрес, а не и за нејзино лишување од слобода. Од МВР покренаа дисциплинска постапка против началникот, а за случајот соопштија дека против директорката имало пријава и постоеле основи на сомневање за кривично дело Одземање печат и службени документи.

    Четири дена претходно, градоначалникот ја имаше разрешено Лозановска, како што рече по налог на Просветниот инспекторат поради неправилности во работењето. Но, адвокатот Стеваноски изјави дека целта била да се назначи новата в. д. директорка која ќе ги заврши трите вработувања пред распишување на локалните избори.

    Претседателот на Собранието Африм Гаши на 9 август ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира