КИНА ЌЕ ВЛОЖУВА ГОЛЕМ НАПОР ЗА МИРНО „ПОВТОРНО ОБЕДИНУВАЊЕ“ СО ТАЈВАН

    КИНА ЌЕ ВЛОЖУВА ГОЛЕМ НАПОР ЗА МИРНО „ПОВТОРНО ОБЕДИНУВАЊЕ“ СО ТАЈВАНТрамп рече дека кинескиот претседател Шји Џинпинг му рекол во телефонски разговор oти Кина нема да го нападне Тајван додека Трамп е на власт. (Фото: АП)

    Кина денеска изјави дека е подготвена да работи со најголем напор за мирно „повторно обединување“ со Тајван, соопшти Министерството за надворешни работи, одговарајќи на коментарите дадени од американскиот претседател Доналд Трамп во интервјуто на 15 август.
    Трамп, во интервју за „Фокс њуз“, рече дека кинескиот претседател Шји Џинпинг му рекол во телефонски разговор oти Кина нема да го нападне Тајван додека Трамп е на власт.

    „Кина нема да дозволи никому или на која било сила да го одвои Тајван од Кина на кој било начин“, изјави деенска портпаролот на министерството Мао Нинг на редовниот брифинг за медиумите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира