ЕДИНСТВЕНИОТ ЖИВ ВУЛКАН НА БАЛКАНОТ КАЈ ОХРИД ИМ ГИ ЈАДЕ АПАРАТИТЕ  НА СЕЛАНИТЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕДИНСТВЕНИОТ ЖИВ ВУЛКАН НА БАЛКАНОТ КАЈ ОХРИД ИМ ГИ ЈАДЕ АПАРАТИТЕ  НА СЕЛАНИТЕ

    Единствениот жив вулкан на Балканот, над селото Косел во непосредна близина на Охрид, потсетува дека постои кога времето е врнежливо. Се чувствува силен мирис на расипано јајце. Испарувањата од внатрешноста на Земјата им ги уништуваат електричните апарати на жителите од селото, посебно оние кои во себе содржат бакарни жици и се од постаро производство.

    Миросот на расипано јајце се чувствува уште во самиот влез во селото. Деновиве, миризбата е интензивна и човек може да ја намириса на километри од местото каде што е вулканот. Вулканот е над самото село. До него се стигнува пешки по една угорнина. Кога ќе се стигне кај вулканот се забележува една дупка, со мали димензии. Ништо спектакуларно, а месното население го нарекува едноставно – Дувало. Од него незабележливо избива гас, велат најмногу сулфур водород. Во одредени денови се забележува и пареа, поради врелината во внатрешноста на дувалото и ниската температура на површината од отворот.

    Кога ќе се стигне до дувалото, миризбата станува интензивна и ретко кој може да издржи подолго време на тоа место. Жителите кажуваат дека оние што имаат здравствени проблеми, посебно ако страдаат од хемороиди, над дупката остануваат извесно  време. Има такви кои кажуваат дека  сулфурот од дувалото ги излечило.

    На овој простор кај дувалото доаѓаат луѓе од разни краеви на земјава, а според месното население, во неговите лековите својства посебно веруваат луѓето од муслиманска вера.

    Вулканот е над самото село, се забележува една дупка со мали димензии, а месното население го нарекува едноставно – Дувало (Фото: СДК.МК)

    Вулканот е над самото село, се забележува една дупка со мали димензии, а месното население го нарекува едноставно – Дувало (Фото: СДК.МК)

    Меѓутоа, жителите од селото велат дека Дувалото им создава проблеми, иако тие со време се навикнале на миризбата од расипано јајце која другите не можат да  поднесат.

    „Луѓето што живеат во близина на дувалото имаат проблеми, но не од миризбата. Им страдаат електричните апарати, посебно оние кои содржат инсталации од бакар. Сулфурот ги нагризува инсталациите во нив. Порано, кога имавше телевизори со ламби и со катодни цевки, не како овие сега  полни со електроника, многу често ни се расипуваа. Прашувавме кај електроничари, а тие ни велеа дека тоа е поради сулфурот”, кажува Митре Петрески, жител на селото.

    Тој вели дека од колено на колено се пренесувало дека во времето пред Илинденското востание во селото доаѓале трговци од Солун, кои во Косел се снабдувале со сулфур кој се користи како еден од елементите за изработка на експлозив, а и коселчани оделе во Солун.

    Во мај, 2014 од Дувалото нагло почна да избива голема количина чад. Тоа до тој ден никој не го имал забележано ниту пак постарите споменувале таква појава. Тогаш на самото место дојдоа претставници на Центарот за управување со кризи кои заклучија дека нема опасност за жителите на Косел и за Охрид и дека немало никаква сеизмичка активност. Интересот за Дувалото заврши кога од отворот престана да излегува чад. Сите велеа дека е тоа природна појава.

    „Во близината на Дувалото кое широко околу половина метар не ретко забележуваме мртви животни. Има глувци, птици кои од непознати причини тука се нашле. Не знам што ги привлекува ова место. Сега просторот околу вулканот е обезбеден”, вели Петрески.

    Своевремено, пред десетина години кога Косел беше Општина, а потоа го изгуби овој статус, тогашниот градоначалник Драган Тодоровски имаше идеја Дувалото да се претвори во туристичка атракција. Оттогаш мина многу време, а Дувалото го посетуваат само оние гости кои по препорака на туристичките агенции доаѓаат во Охрид.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира