ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО НА ПЕНТАГОН ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ВОЈНА

    ТРАМП ПЛАНИРА ДА ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО НА ПЕНТАГОН ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ВОЈНАИ Трамп и министерот за одбрана Хегсет постојано жалат за промената на името, што се случила по Втората светска војна (Фото: АП)

    Доналд Трамп најави дека неговата влада ќе го промени името на министерството за одбрана во министерство за војна. Тој додаде дека Пентагон веројатно за една недела ќе го врати своето некогашно „поагресивно име“.

    И Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет постојано жалат за промената на името, што се случила по Втората светска војна.

    „Кога победивме во Првата и во Втората светска војна се викало Министерство за војна. На сите им се допаѓа што имавме неверојатна историја на победи кога беше Министерство за војна. Потоа го сменивме во Министерство за одбрана“, кажа Трамп.

    Министерството за војна постоело од 1789 до 1947 година, кога владата на Хари Труман го поделило на војска и воздушни сили и го споило со тогаш независната морнарица. Притоа го доби името министерство за одбрана. Труман сакал со промената на името да им даде поцентрализирани овластувања на шефовите на Пентагон над тогашните ограноци на армијата.

    Трамп ја навестуваше промената во изминатите недели, нарекувајќи го Хегсет министер за војна и кажа дека името било сменето поради политичка коректност. Иако тој најави дека преименувањето ќе се случи брзо, за тоа ќе треба одобрение од Конгресот поради закон донесен пред неколку децении.

    „Не сакам министерството да биде само за одбрана, сакаме и офанзива“, кажа Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира