Турските власти уапсија четири лица во врска со смртта на двајца холандски браќа од 15 и 17 години, кои беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул. Меѓу осомничените се сопствениците и двајца вработени во двата ресторана што тинејџерите ги посетиле во квартот Таксим. Според турските медиуми, тројца од осомничените биле условно ослободени по испрашувањето, а четвртиот бил ставен во домашен притвор.
Браќата, кои биле на одмор со својот татко, наводно се разболеле на 20 август откако биле во ресторани на прометна улица во Таксим. Тие се вратиле во својата хотелска соба, а отккао не се одјавиле следниот ден, персоналот на хотелот ги открил двајцата тинејџери мртви.
Нивниот татко исто така бил пронајден во собата и бил итно префрлен во болница во критична состојба, но веќе не бил во животна опасност. Тој им рекол на истражителите дека не консумирал храна или пијалаци во рестораните и причината за неговата состојба не е разјаснета. Властите сметаат дека можеби доживеал шок откако ги пронашол своите синови мртви.
Примероци од храна и пијалаци од двата ресторана се испратени на анализа во турскиот институт за форензика.