ЗА КОЧАН НЕМА ПРИТВОР, ЗА АВИРОВИЌ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА „ТРУСТ“ НА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЗА КОЧАН НЕМА ПРИТВОР, ЗА АВИРОВИЌ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА „ТРУСТ“ НА СЈО

    Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на СЈО за одредување мерка притвор за Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, додека за второосомничениот Василије Авировиќ го прифати барањето на СЈО за одредување мерки на претпазливост – Забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

    „Во однос на лицето С.К. по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор, судијата на претходна постапка донесе решение со кое го одби предлогот на СЈО. Во однос на лицето В.А. Јавниот обвинител од СЈО пред судија на претходна постапка го повлече предлогот за определување мерка притвор и предложи определување мерки за претпазливост од член 146 став 1 точка 6 и точка 7 од ЗКП што по разгледување и ценење од страна на судијата на претходна постапка беше уважен и со решение определени се мерки –  Забрана за воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица и мерка – Забрана за преземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    На решението за Кочан странките имаат право на жалба во рок од 24 часа, а за решението за Авировиќ три дена.

    СЈО во вторникот поднесе барање до Судот за притвор за Сеад Кочан, управител на „Трансмет“, и за Василије Авировиќ, поранешен управител на „Силекс неметали СТ“, со образложение дека постои опасност осомничените да ги уништат доказите или да креираат фалсификати во тендерската документација, која СЈО ја посочи како доказ.

    СЈО отвори истрага против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи во вторникот на прес-конференција изјави дека ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира