Западните лидери не присуствуваа на големата кинеска воена парада за Денот на победата во Пекинг. Од европските земји надвор од некогашниот советски блок дојдоа само српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо, кои од различни причини беа таму.
И двајцата присуствуваа на парадата за Денот на победата во Москва во мај, кога, исто како и сега во Пекинг, се сретнаа со Путин.
Иако кандидат за членство во Европска Унија, Србија негува блиски економски односи со Кина и се обидува да задржи неутрален курс со Русија.
За разлика од Вучиќ, Фицо е во поинаква позиција. Словачка е членка на НАТО и ЕУ, но сепак повикува на нормализирање на односите со Русија. И додека ЕУ планира целосно да се откаже од руските нафта и гас до крајот на 2027, Фицо сака да го зголеми снабдувањето со руски енергенси. Путин притоа ја пофали „независната надворешна политика“ на Словачка.
Запрашана дали Фицо ја претставува ЕУ во Пекинг, портпаролката на Европската комисија кажа „не“, укажувајќи дека Кина е клучен овозможувач на руската агресија врз Украина.
„Дојдов во Пекинг откако се формираше нов светски поредок. По разговорите со Путин дојдов до неколку заклучоци и имам сериозна порака за Зеленски кога ќе се сретнеме в петок“, кажа Фицо.