РУСИТЕ УБИЈА НАД 20 ЛУЃЕ КОИ ЧЕКАЛЕ ПЕНЗИЈА ВО СЕЛО ВО ДОЊЕЦК, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    РУСИТЕ УБИЈА НАД 20 ЛУЃЕ КОИ ЧЕКАЛЕ ПЕНЗИЈА ВО СЕЛО ВО ДОЊЕЦК, КАЖА ЗЕЛЕНСКИНападот се случил во селото Јарова (Фото: Телеграм)

    Најмалку 21 лице загинале во руски воздушен напад врз село во источна Украина, објавија локалните власти. Претседателот Володимир Зеленски кажа дека жртвите биле обични луѓе кои чекале да си ја земат пензијата во селото Јарова во регионот Доњецк.

    Јарова се наоѓа северно од Словјанск, еден од поголемите градови во регионот кои и натаму се под контрола на Украина.

    Ова е еден од најтешките напади врз цивили во Украина во изминатите недели. Најмалку 23 луѓе загинаа во напад врз Киев кон крајот на август.

    „Не постојат зборови за да се опише последниот руски напад. Светот не смее да остане нем“, кажа Зеленски, објавувајќи фотографии од Јарова, кои покажуваат мртви тела на земја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира