ИЗРАЕЛ ЈА УБИ СЕКОЈА НАДЕЖ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗАЛОЖНИЦИТЕ СО НАПАДОТ ВО ДОХА, КАЖА КАТАР

    ИЗРАЕЛ ЈА УБИ СЕКОЈА НАДЕЖ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗАЛОЖНИЦИТЕ СО НАПАДОТ ВО ДОХА, КАЖА КАТАРХамас соопшти дека неговите лидери го преживеале нападот (Фото: Гети)

    Премиерот на Катар ги засили критиките кон Израел поради нападот врз лидерите на Хамас во Доха, велејќи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја уништил секоја надеж за ослободување на заложниците што сè уште се држат во Појасот Газа. Коментарите на Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани го одразуваат поширокиот гнев во арапските земји поради нападот во кој загинале шест луѓе, но не и лидерите на Хамас кои биле мета.

    Се сретнав со семејството на еден од заложниците дента кога се случи нападот. Тие сметаат на преговорите за прекин на огнот, тие немаат друга надеж. Мислам дека она што го направи Нетанјаху ја уби секоја надеж за заложниците“, изјави Ал-Тани.

    Катар и Египет се клучните посредници во преговорите за прекин на огнот и ослободување на преостанатите 48 заложници. Катар со години служи како база на политичкото водство на Хамас, делумно и на барање на САД, за да се охрабрат преговорите со Израел.

    Израел не потврди дали нападот врз Доха ја остварил целта, само кажа дека ќе продолжи да ги убива лидерите на Хамас и ако не сега, ќе бидат успешни следниот пат. Нетанјаху продолжи да ги брани нападите врз Катар и се закани со нови, иако Доналд Трамп повика да се смират тензиите.

    Им порачувам на Катар и на сите други нации кои засолнуваат терористи: или протерајте ги или изведете ги пред лицето на правдата. Бидејќи ако не го сторите тоа, ние ќе го направиме“, рече Нетанјаху.

    Хамас соопшти дека неговите лидери го преживеале нападот, но загинале петмина пониско рангирани членови, вклучувајќи го синот на главниот преговарач Халил ал-Хаја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира