БИВШИОТ БРАЗИЛСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОЛСОНАРО ДОБИ 27 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ОБИД ЗА ПУЧ

    БИВШИОТ БРАЗИЛСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОЛСОНАРО ДОБИ 27 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ОБИД ЗА ПУЧВрховниот суд кажа дека Болсонаро предводел заговор со цел да остане на власт по поразот на претседателските избори во 2022 (Фото: АП)

    Бившиот претседател на Бразил Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор откако беше прогласен за виновен за заговарање воен пуч. Петмина судии на Врховниот суд ја изрекоа казната неколку часа откако го осудија поранешниот лидер.

    Тие кажаа дека Болсонаро предводел заговор со цел да остане на власт по победата на Луиз Инасио Лула да Силва на претседателските избори во 2022. Адвокатите на Болсонаро кажаа дека пресудата е „апсурдно претерана“ и најавија жалба.

    Во 2023, Врховниот суд му забрани на Болсонаро да се кандидира за јавна функција. Тој веќе беше во домашен притвор поради опасност од бегство. Целиот процес против него го опиша како лов на вештерки.

    Доналд Трамп претходно воведе царини од 50% за Бразил како одмазда за прогонот на Болсонаро.

    Ова е многу слично на она што сакаа мене да ми го направат во Америка“, кажа Трамп.

    Седумдесетгодишниот Болсонаро сега се соочува со можноста да го помине остатокот од животот зад решетки. Тој беше прогласен за виновен по пет обвиненија, сите поврзани со обидот да остане на власт по изборите во 2022. Обвинителите рекоа дека тој упте пред изборите им предложил државен удар на воените команданти и дека знаел за план за атентат врз Лула, неговиот потпретседателски кандидат и еден врховен судија.

    Покрај Болсонаро, осудени се уште седуммина негови соработници, вклучувајќи двајца поранешни министри за одбрана.

    Иако заговорот не успеал да привлече доволно поддршка од војската, приврзаниците на Болсонаро упаднаа во владините згради на 8 јануари 2023, но редот брзо беше воспоставен и беа уапсени 1.500 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира