ТРАМП ОБЈАВИ ДЕКА Е ФАТЕН УБИЕЦОТ НА ЧАРЛИ КИРК, КАЖА ДЕКА ГО ПРЕДАЛ ТАТКО МУ

    ТРАМП ОБЈАВИ ДЕКА Е ФАТЕН УБИЕЦОТ НА ЧАРЛИ КИРК, КАЖА ДЕКА ГО ПРЕДАЛ ТАТКО МУКирк беше смртно застрелан пред два дена додека држеше говор на јавен настан на универзитет во Јута (Фото: АП)

    Доналд Трамп објави дека е приведен убиецот на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк, кој беше смртно застрелан пред два дена додека држеше говор на јавен настан на универзитет во Јута. Трамп не го откри неговиот идентитет, туку само кажа дека има 28-29 години.

    Со голема доза на сигурност можам да кажам дека го имаме во притвор“, кажа Трамп на „Фокс њуз“ и додаде:

    Пет минути пред да влезам во студиото ми кажаа дека осомничениот е во притвор. Локалните власти завршија одлична работа, сите работеа заедно. Властите почнаа од ништо, од видеоснимка на која тој изгледа како мравка, што беше речиси бескорисно. Се надевам дека убиецот на Кирк ќе добие смртна казна“.

    За 31-годишниот Кирк кажа дека го сакал како син и откри дека некој многу близок го предал на властите.

    Таа е личност е неговиот татко, кој отишол да пријави кај американски шериф. Така слушнав“, кажа Трамп.

    ФБИ вчера објави фотографии, а потоа и видео од можниот убиец на Кирк како бега од местото на пукањето. На нив се гледа млад маж облечен во црно. Пушката од која било пукано била пронајдена во околната шумска област.

    Како основач на организацијата „Пресвртница“, Кирк важеше за влијателен сојузник на Трамп, на кого му помогна да привлече голем број гласови од младите на ланските претседателски избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира