„ТИКВЕШ“ ПРОСЛАВУВА 140 ГОДИНИ ВИНСКА ТРАДИЦИЈА

    „ТИКВЕШ“ ПРОСЛАВУВА 140 ГОДИНИ ВИНСКА ТРАДИЦИЈАВинарската визба „Тиквеш“ годинава одбележува 140 години организирано производство на вино и жестоки пијалаци. (Фото: Тиквеш)

    Со промотивен гроздобер во органски сертифицираните лозови насади на поседот Лепово, винарската визба „Тиквеш“ одбележа 140 години организирано производство на вино и жестоки пијалаци. Изминативе две децении „Тиквеш“ инвестираше над 45 милиони евра за целосна модернизација, дигитализација и создавање вина со врвен квалитет, вели компанијата.

    „Развојната стратегија на ‘Тиквеш’ во овој период беше насочена кон зголемување на квалитетот на виното и инвестициите во нова опрема, дигитализација на производствените процеси, како и во професионалниот развој на вработените и ангажман на врвни домашни и странски експерти. Паралелно се одвиваше и премиумизација на винското портфолио, преку создавање вина со современ стил и автентичност кои освојуваат рекорден број награди и највисоки оценки за квалитет од најпознати светски вински познавачи и авторитети од рангот на Роберт Паркер. Со отворањето на бутик-винарницата ‘Домен Лепово’ (Domaine Lepovo), која го трасираше патот на производството на премиум вина од специфични микролокации, како и стратешката аквизиција на француската винарница ‘Шато де Гурдон’ (Château de Gourdon), ‘Тиквеш’ го потврди интернационалниот карактер на брендот и дополнително ја зголеми неговата препознатливост и кредибилитет во глобални рамки. Денес ‘Тиквеш’ е препознаен бренд на пет континенти, со повеќе од половина од приходите кои се генерираат од извоз, кој во 2024 година достигна 32,7 милиони евра, како и со континуиран раст на продажбата на домашниот и на најпребирливите светски пазари“, вели компанијата.

    Ексклузивната серија вина „Домен Лепово“ е создадена со специфични енолошки методи кои придонесуваат за нивниот препознатлив карактер и врвен квалитет.

     

    *Комерцијална презентација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира